Клучни експерти
Извршен директор - Експерт за проектен и финансиски менаџмент, претприемништво
М-р Снежана Какуринова
Дипломиран економист, насока финансиско-сметководно-банкарска. Магистер на економски науки, област МБА Менаџмент, на Економскиот факултет, при Универзитетот "Св.Кирил и Методиј", во Скопје. 5 годишно работно искуство во штедилница ИНКО. 10 години работи како Раководител со финансии и администрација/Координатор/Администратор во 5 меѓународни проекти: "WOCCU" и "e-School", финансирани од Американската агенција за меѓународен развој (USAID) и "Фонд за развој на човечки ресурси", "Проект за поддршка на политиките за МСП на Министерство за економија" и "Техничка поддршка за воспоставување на Национален систем за визно работење", финансирани од Европската Aгенција за Реконструкција (ЕАР). Особено познавање и искуство во планирање, буџетирање, раководење, мониторинг и евалуација на проекти. Има изработено магистерски труд на тема: "Развој на претприемничка култура во Република Македонија". Моментално поле на работа - развој и реализација на обуки за претприемнички и менаџерски вештини за започнување сопствен бизнис и унапредување на работата на Мали и Средни Претпријатија (МСП). Член на здружението на консултанти MCA 2000. Водечки аудитор за ISO 9001: 2008 Систем за управување со квалитет. Сертифициран менаџмент консултант (CMC - Certified Menagement Consultant).
Експерт за квалитет и безбедност на храна
Проф. д-р Владимир Какуринов
Редовен професор по Микробиологија и имунологија на Ветеринарниот факултет при Универзитетот Св. Климент Охридски во Битола. До 2011 година вонреден професор по микробиологија на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Прв Раководител на Институтот за храна. Професор по микробиологија на храна на меѓународните последипломски студии за Квалитет и безбедност на храна, при Универзитетот Св. Кирил и Методиј, во Скопје. Шеф на микробиолошката лабораторија за испитување на квалитет и безбедност на храна за човечка исхрана и добиточна храна, стартер култури. Десетгодишно искуство како HACCP тренер, акредитации од HACCP Alliance од САД, International Register of Certificated Auditors - IRCA од Ирска и FoodPlus - Германија за GLOBALGAP. Национално контакт лице (NCP) во Рамковните програми 6 (FP6) за Квалитет и безбедност на храната. Македонски амбасадор во European Federation of Food Science and Technology (EFFoST) на Првиот Европски конгрес за храна. Евалуатор на европски проекти (European Commission EU 6th Framework Programmes). Претседател на Македонската регионална секција на EHEDG. Прв автор на првиот европски Речник на поими за квалитет и безбедност на храна. Автор на: Прирачник и водич за воведување, одржување, надградба, инспекција и сертификација на HACCP, Прирачник за неопходни предулови при воведување на HACCP, Прирачник за заштита на традиционални производи и Прирачник за Рамковната програма 7 (FP7) - Како да ги претворите своите идеи во европски проекти.
Експерт за квалитет и безбедност на храна
Доц. д-р Гоце Цилев
Професор по предметот Исхрана на домашни животни и Патологија на исхрана на домашни животни на Ветеринарниот факултет при Универзитетот Св.Климент Охридски во Битола. Магистрирал и докторирал на Ветеринарниот факултет во Белград-специјалност Исхрана на домашни животни. Поседува 14 години работно искуство во Институтот за сточарство при Универзитетот Св.Кирил и Методиј во Скопје, како раководител на Лабораторијата за контрола на квалитет на сточна храна и раководител на Заводот за исхрана на домашни животни при Институтот. Како соработник-истражувач има учествувано во повеќе научно-истражувачки и апликативни проекти. Од почетокот на 2009 година е член на Уредничкиот одбор на меѓународното научно списание КРМИВА кое објавува трудови од сите подрачја врзани со сточна храна и исхрана на животни, чии објавени трудови се реферираат во CAB Abstracts, Agricola, Food Sci. и Tech.Abstract, Agris. Добитник е на 8 Ноемвриското признание на општина Неготино за 2009 година за особени постигнувања во областа на науката и образованието. Ко-автор е на два прирачника од областа на технологија на подготовка на сточна храна и исхрана на високомлечни крави. Учесник е на многубројни национални и меѓународни конгреси и симпозиуми.
Експерт за финансии
Орце Наумовски
Дипломиран економист на Економскиот факултет при Универзитетот "Св.Кирил и Методиј", во Скопје. 25 годишно работно искуство, од кои 10 години на раководни функции: 2 години како директор на Секторот за контрола и ревизија во Агенцијата за приватизација и 8 години како Директор на Сектор за сметководство во Стопанска банка во Скопје. Овластен проценител, овластен судски проценител, овластен државен ревизор, овластување за тргување со хартии од вредност, положен испит за реформа и конверзија на сметководствениот систем во Македонија. Експерт за развој и реализација на програми за обука од областа финансии.
Дипломиран професор по деловен англиски јазик
Марија Михајлоска
Дипломиран професор по деловна комуникација и коресподенција при University American College во Скопје. Ангажирана во секторот за Односи со јавност во Генерален Секретаријат на Влада на РМ за потребите на Кабинетот на Претседателот на Владата на РМ. Успешно завршени обуки за Проектен и организациски менаџмент (Кардула консалтинг) и Транспортирање на легислатива на ЕУ и имплементација на номотехнички правила (заеднички проект на Владата на РМ и GTZ Economic Legal Project). Особен интерес: деловна комуникација / организациски менаџмент / лидерство / односи со јавност.
Експерт за продажба и маркетинг
М-р Димитар Јовевски
Дипломиран на меѓународен маркетинг и менаџмент на Факултетот за применети науки FONTYS, во Холандија. Магистер по економски науки и вработен како асистент на Економскиот факултет во Скопје, при Универзитетот Св."Кирил и Методија", на одделот за Е-бизнис. 5 годишно работно искуство како бизнис консултант и аналитичар во областите: бизнис инженеринг и маркетинг стратегии. Експерт за развој на програми и реализација на обуки од областа е-бизнис, маркетинг, продажба, продуктивност, вмрежување, преговарање, менаџмент игри (eGlobe). Особен интерес: стратегии на учење, техники на преговарање, итн.
Експерт за правни работи
Анриета Наумовска
Дипломиран правник со 10 години работно искуство во приватен сектор. Консултант од областа на кадрово работење во претпријатијата, Закониот за безбедност и здравје при работа, Законот за трговски друштва и Законот за облигациони односи.
Експерт за екологија
М-р Наталија Ацеска
Дипломиран биолог, со десетгодишно работно искуство како професор по биологија во средно училиште. Магистер по екологија на тема ,,Интегриран концепт за управување со отпад на град Прилеп”. Претходно искуство како новинар и водител во телевизија и менаџер на приватна фирма. Во моментов делува како европски координатор на интернационална еколошка едукативна програма за Европа, сертифициран интернационален тренер за Глобе програмата - САД, извршен директор на Невладена Организација (НВО) - Жетва на знаење. Положен испит и добиена лиценца за експерт за оцена на влијание на објект врз животна средина од Министерството за животна средина и просторно планирање. Учесник во изработка на многубројни студии, ИСКЗ дозволи и елаборати за оцена на влијание на објекти врз животната средина. Автор на два прирачника од областа на екологијата и одржливиот развој. Учесник на многубројни државни и интернационални собири со авторски и коавторски трудови од областа на животната средина. Моментално работи како директор на средното економско училиште во Прилеп.
Kвалитет и безбедност на храна
М-р Ирена Милевска
Дипломиран земјоделски инженер и Магистер по технолошка микробиологијана на Факултетот за Земјоделски науки и храна, при Универзитетот Св."Кирил и Методиј" во Скопје. 8 годишно работно искуство во Радио-Телевизија Скопје. Од 2008 година работи за Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, извесен период како внатрешен консултант, а денес како надворешен консултанта за квалитет и безбедност на храна. Успешно завршена обука за HACCP имплементација и внатрешен аудитор. Организатор на тренинг за изработка на HACCP план. Искуство во оценка на предуслови при имплементација на HACCP систем. Особено поле на интерес: HALAL и негова примена во индустријата за храна во Македонија. Особено искуство во работа со детски градинки и социјални јавни установи во Република Македонија. Мометално работи како советник во Општина Карпош задолжена за контрола на квалитетот и безбедноста на храна во установите за предшколска и школска возраст на територија на општината. Член на Македонската регионална секција на EHEDG (Европската групација за хигиенско инженерство и дизајн). Автор на научен труд и презентер на Првиот конгрес за хигиенско инженерство и дизајн во Македонија, одржан од 22 -- 24 септември, 2011 година.

