Изработка на ПРЕДЛОГ ПРОЕКТ-Рамковна програма 7
ШТО Е РАМКОВНА ПРОГРАМА 7?
Од 1984 година Европската Унија ја поддржува и зајакнува својата научно-истражувачка заедница преку Рамковните Програми (Framework Programmes - FP). Најновата серија е Рамковната Програма 7, со времетраење од 7 години (од 2007 до 2013) и вкупен предвиден буџет од 73 милијарди евра.
OБЛАСТИ:
Во Рамковната Програма 7 постојат 4 главни програми:
- СОРАБОТКА - меѓународна соработка, поврзување и координација на истражувачки проекти
- ИДЕИ - подобрување на динамичноста, креативноста и извонредноста на истражувањата (инженерство, социо-економски науки и хуманитарни науки)
- ЛУЃЕ - квантитативно и квалитативно зајакнување на човечките ресурси во истражување и развој на нови технологии
- КАПАЦИТЕТИ - јакнење на истражувачката инфраструктура корисна за малите и средни претпријатија (МСП)
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
Обуката е наменета за претставници на мали и средни претпријатија, научно-истражувачки институции, јавни и владини институции, консултанти, односно сите оние кои сакаат да ја совладаат техниката на изработка на предлог-проект, според строгите правила и обрасци кои ги бара ЕУ, како и процесот на имплементација, мониторинг, евалуација и начин на известување.
СОДРЖИНА И ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:
Како основа за оваа обука се користени: Community Research and Development Information Service (CORDIS), Seventh Framework Programme Service (2007 - 2013) and European Research Area Service. Обуката нуди:
- Информирање за цели, структура, работни програми и повици во РП 7
- Изнаоѓање идејно решение за проект
- Собирање информации за секоја тема
- Барање партнер и формирање на конзорциум
- Пишување на предлог-проект
- Изработка на буџет според дозволената финансиска големина на проектот
- Евалуација на проекти
- Преговарање и потпишување на договор за грант
ТРЕНЕРИ:
Обуката ја спроведуваат:
- Проф. д-р Владимир Какуринов, координатор во 3 проекти од Рамковните програми, Национално контакт лице (NCP) во Рамковните програми 6 (FP6) за Квалитет и безбедност на храната.
- М-р Снежана Какуринова, предходно искуство во финансии и администрација на 3 проекти финансирани од Европската агенција за реконструкција (ЕАР).
За редовно посетување на обуката секој учесник добива Сертификат за завршена обука.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКАТА:
2-дневната интензивна обука (09 - 16 часот) во просториите на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин, 52-1/3-Скопје.
БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ:
Идеален број на обуканти: 6
ЦЕНА НА ОБУКАТА:
15.500,00 денари. Во цената се вклучени:
- папка со комплетен материјал за обука: прирачник, програма, тефтер и пенкало
- две кафе паузи на ден
- ручек за двата дена
Доколку сепак сакате пишувањето на предлог-проект и неговото раководење да ни го доверите нам, слободно контактирајте не. За дополнителни информации прочитајте тука.

