Изработка на бизнис план

 

ЗОШTO ОБУКА ЗА ИЗРАБОТКА НА БИЗНИС ПЛАН?

Вистинската вредност при изработка на Бизнис план е процесот низ кој ќе поминете, како и тоа што се ќе научите за Вас и Вашиот бизнис додека се разработува секој дел од постапката на систематски начин. Истражувањето на сите сегменти и поединости, како: вашите клиенти, добавувачи, продуктот што го нудите, целната група, посакуваниот пазар, проценка на трошоците и се останато, ќе Ви отвори нови видици, нови можности и сосема друг начин на согледување на работите. Постапката на планирање Ви помага да размислувате, да ги простудирате и истражите сите факти и да ја разгледате Вашата идеја критички. 

Нашиот модел за изработка на Бизнис план Ве води чекор по чекор, на едноставен и логичен начин, низ потребните истражувања. Тој претставува основа која може да се модифицира според аудиториумот за кого е наменет.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

Обуката е наменета за:

  • оние  кои сакаат да ја претворат својата идеја за нов бизнис во реалност
  • оние  кои веќе водат сопствен бизнис, но не поминале низ процесот на планирање
  • оние кои се сопственици на мали и средни претпријатија, но менаџментот го довериле на трети лица
  • оние кои се менаџери во некое претпријетие и бараат подобра основа за донесување на одлуки
  • оние кои сакаат да добијат кредит за проширување на својот бизнис
  • оние кои ќе се одлучат да побараат инвеститори за финансирање на нивната идеја за нов производ или услуга
  • оние кои сакаат да искористат предпристапни фондови од ИПАРД програмата

ТРЕНЕРИ:

Обуката ја спроведува дипломиран  економист, магистер по економски науки:

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

Учесниците во обуката се здобиваат со практични знаења кои ќе им овозможат:

  • Да се запознаат со сите чекори при изработка на Бизнис План
  • Да го определат својот бизнис концепт
  • Да го поминат процесот на стратешко планирање, дефинирање на визија, мисија и цели
  • Да го дефинираат во детали својот производ/услуга
  • Да го разберат системот на собирање и анализа на потребните информации при истражување на пазарот и конкуренцијата
  • Да изработат Маркетинг план и План на продажба
  • Да изработат Оперативен план
  • Да воспостават соодветна менаџерска структура и избор на квалитетни кадри
  • Да ги испланираат почетниот капитал и идните трошоци на работење
  • Да научат како да ги читаат билансите на состојба, билансот на успех и извештајот за готовински тек
  • Да ги направат потребните пресметки за рентабилност на предложениот бизнис концепт
  • Да изработат целосен Бизнис план
  • Да бидат во состојба истиот да го следат и надградуваат во континуитет

СЕРТИФИКАТ:

За редовна присутност и успешно положен тест секој учесник добива Сертификат.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКАТА:

Обуката трае 30 часа, односно два месеци. Се одржува два пати неделно по два часа, во попладневни термини, во просториите на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин, 52-1/3 - Скопје.

БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ:

Идеален број на обуканти: 6

ЦЕНА НА ОБУКАТА:

Во цената се вклучени:

  • папка со комплетен материјал за обука: прирачник, програма, тефтер и пенкало
  • една кафе пауза на ден