Финансиски менаџмент

 

ЗОШTO ОБУКА ЗА АНАЛИЗА НА ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ?

Финансиските извештаи претставуваат приближување до економската реалност и тие треба да бидат корисни информации за сегашните и потенцијални инвеститори, доверители или други корисници (финансиски институции, влада, локална власт), кои се потребни за донесување рационални одлуки за инвестирање, кредитирање или слично.

Финансиските извештаи обезбедуваат информации за претпријатието, кои ќе му помогнат на менаџерскиот тим, но и на секој внатрешен или надворешен финансиски аналитичар да донесе подобри и навремени одлуки.

ТРЕНЕРИ:

Обуката ја спроведуваат дипломирани економисти докажани во својата област, со долгогодишно искуство во подготвувањето на финансиски извештаи, нивна анализа како и контрола, односно ревизија на веќе изготвени финансиски извештаи:

  • Дипл.ек. Орце Наумовски
  • М-р Снежана Какуринова 

ЦЕЛИ НА ОБУКАТА:

Учесниците во обуката се здобиваат со практични знаења кои ќе им овозможат:

  1. Да се запознаат со формата и содржината на основните финансиски извештаи
  2. Да го разберат системот на финансиско известување и подготвување на финансиските извештаи
  3. Да подготвуваат анализи на финансиските извештаи
  4. Да ги надополнат своите знаења за финансиските извештаи
  5. Да ги користат добиените информации при носењето на одлуки
  6. Да ги обучат останатите вработени како да ги користат финансиските извештаи

СЕРТИФИКАТ:

За редовна присутност и успешно положен тест секој учесник добива Сертификат.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКАТА:

Обуката трае 30 часа, односно два месеци. Се одржува два пати неделно по два часа, во попладневни термини, во просториите на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин, 52-1/3 - Скопје.

БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ:

Идеален број на обуканти: 6

ЦЕНА НА ОБУКАТА:

Во цената се вклучени:

  • папка со комплетен материјал за обука: прирачник, програма, тефтер и пенкало
  • една кафе пауза