Деловен АНГЛИСКИ
ЗОШТО ИНТЕЛИГЕНТЕН ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ ЈАЗИК?
Зауспешно водење на Вашиот бизнис, повисоки достигнувања на Вашето работно место и полесна комуникација со меѓународни клиенти и партнери!
Интелигентен деловен англиски јазик ќе Ви овозможи да ги освежите и надополните своите предходно стекнати знаења: збогатување на речникот, употреба на граматички правила или пак усовршување на деловните термини.
СОДРЖИНА:
Темите разработуваат низа детали од деловното секојдневие, без разлика дали се работи за сопственик, претприемач, менаџер или службеник, како на пример: првично запознавање со деловниот партнер, водење деловен состанок, промовирање на својата компанија (од бизнис идеја до профит), барање финансии од банка, користење на ИКТ, деловно окружување, промовирање на имиџ, истражување на пазар, маркетинг, продажба, финансии, цени, осигурување, иновации и слично.
СТЕПЕНИ / НИВОА:
- Pre-Intermediate - прво ниво
- Intermediate - второ ниво
- Upper Intermediate - трето ниво
ПРЕДАВАЧ:
Обуката ја спроведува:
- Марија Михајлоска, дипломиран професор по деловен англиски јазик
ВРЕМЕТРАЕЊЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКАТА:
Наставата трае вкупно 48 часа / 45 минути час, ТРИ МЕСЕЦИ, во блок часови, два пати неделно, ВТОРНИК/ЧЕТВРТОК, од 18 - 19.30 часот.Се изведува во климатизирани и одлично опремени простории на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин, 52-1/3-Скопје.
МЕТОДИ НА РАБОТА:
Изучувањето на јазикот се изведува преку интерактивна настава, обработка на автентични и актуелни текстови за бизнис од специјализираното списание The Economist, граматички вежби, вежби за слушање и разбирање, презентации, комуникација и пишување.
СЕРТИФИКАТ:
Последниот блок часови е резервиран за изработка на тест со кој се проверува стекнатото знаење на учесниците на обуката. Врз основа на присутноста, активноста на часовите и изработените проекти, како и успешно положениот тест, обукантот добива Сертификат за успешно завршено ниво.
БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ:
Идеален број на обуканти: 6
ЦЕНА НА ЕДЕН СТЕПЕН: 8.000,00 денари (со вклучено ДДВ - можност за плаќање на 3 рати)
Во цената се вклучени:
- оригинален учебник од едицијата на реномираната издавачка куќа Longman (Intelligent Business English)
- тефтер и пенкало
- кафе, чај
ИНДИВИДУАЛНИ ЧАСОВИ:
Доколку повеќе Ви одговараат индивидуални часови и пократок временски рок Ви го предлагаме пакетот од 32 часа / 45 минути час, за ДВА МЕСЕЦИ, во блок часови, два пати неделно, во термин кој Вие ќе го одберете. Цената за еден степен изнесува 12.000,00 денари (со вклучено ДДВ - можност за плаќање на 3 рати).
ДЕЛОВЕН АНГЛИСКИ ЗА СТРАНЦИ:
Овој пакет е наменет за клиенти кои не се македонски државјани.
Доколку сте заинтересирани за посета на курсевите контактирајте не на: contact@key.com.mk.

