HACCP
ФАЗА 1 - ОБУКА НА HACCP ТИМ
Составувањето на HACCP (АОККТ) тим во секоја компанија е еден од клучните елементи за исполнување на овој систем. Тимот треба да биде мултидисциплинарен и да вклучува различен персонал (од производство, лабораторија, санитација, инженери, инспектори, лица одговорни за квалитет и др). Пожелно е во тимот да има и член од управата, особено кога се решава за инвестиции неопходни за имплементација на овој систем.
ФАЗА 2 - ОЦЕНКА НА ПРЕДУСЛОВИ ЗА HACCP (АОККТ) СИСТЕМ
За успешно спроведување на HACCP (АОККТ) системот, оценката на предусловите и нивно исполнување се од особена важност. Тие се однесуваат на моменталната состојба на екстериерот и интериерот и на условите кои тој простор треба да ги исполни за натамошна имплементација. Оценката на предусловите за имплементација ги содржи следниве карактеристики:
- Надворешност (екстериер) на објектот
- Внатрешност (интериер) на објектот
- Санитарни простории
- Квалитет и снабдување со вода/пареа/мраз
- Транспорт и чување (складирање)
- Опрема
- Вработени (персонал)
- Санитација и контрола на глодари и штетници
- Повлекување на производите
ФАЗА 3 - ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА HACCP (АОККТ) СИСТЕМ
Зошто е потребна имплементација?
- Грижа за нашето здравје и здравјето на нашите деца.
- Поголема конкурентност на домашниот и странскиот пазар.
- Поголема економска исплатливост.
- Поедноставување во следењето на работата.
- Усогласување на домашната и евро-атланската законска обврска.
Кој врши имплементација?
- Обучени членови на НАССР тимот кои воедно се и вработени во компанијата каде што се имплементира системот.
- Надворешни соработници - консултанти.
- Експерти од областа на квалитет и безбедност на храната.

