HALAL & KOSER

 

Што е HALAL?

Според Codex Alimentarius, HALAL претставува стандард за храна (дозволена  според исламскиот закон), опишан во HALAL Guideline Standards (GAC/GL 24-1997). Овој стандард ги потврдува разликите кои се базираат на различните исламски школи. Во моментов не постојат глобално признаени методи за производство на HALAL храна и единствен систем за означување на сите HALAL производи. 

Кој HALAL стандард се почитува  во Република Македонија?

Во регионот е издаден Босанско-Херцеговскиот Стандард БАС 1049 (1049: 2007). Со потпишување на Спогодбата за соработка со Исламската верска заедница на Република Македонија, Агенцијата за сертифицирање од Босна и Херцеговина е одговорна за издавање на HALAL сертификати во нашата земја. 

Кое е основното значење на зборот HALAL?

HALAL е арапски збор што значи „се што е дозволено". Спротивно на HALAL е HARAM и подразбира „се што е е забрането", односно се што секој муслиман, посветен на својата религија, смее да јаде, да пие и да употребува (од средства за лична хигиена и козметика). При тоа, нема место за дилема, односно нешто што е MEŠBUH, односно „нешто чие потекло е сомнително и недефинирано".

Што е  HALAL храна?

Според Codex Alimentarius, тоа е храна одобрена, односно дозволена за конзумација од страна на исламскиот закон, која треба да ги исполнува следниве услови:

  • Да нема присуство на или да не содржи било што незаконско, односно забрането од исламскиот закон;
  • Да не е подготвувана, преработена, транспортирана или складирана со употреба на какво било средство или опрема кои што се незаконски, односно забранети од страна на исламскиот закон;
  • Која во процесот на подготовка, преработка или чување не е во директен контакт со каква било храна која не ги задоволува горенаведените барања

Зошто HALAL?

Со оглед на фактот што светскиот пазар на HALAL производи е еден од најекспанзивните во светот, а 70% од Муслиманите се придржуваат на HALAL принципите, потребата од стандардизација е огромна. Секој производ кој ги поминал строгите критериуми за имплементација и сертификација на HALAL стандардот добива HALAL ознака, со што производителот му гарантира на потрошувачот дека купува и употребува HALAL производ. Оттука произлегува и потребата фирмите освен HACCP како систем за безбедност на храна, да имаат имплементирано и HALAL стандард. На тој начин се постигнува:

  • Поголема конкуретност 
  • Задржување на старите и стекнување на нови клиенти
  • Задоволување на потребите на потрошувачите.

Кому му е потребен HALAL?

  1. Прехранбено-преработувачка индустрија: месна, млечна, житна, безалкохолна, кондиторска, конзервна
  2. Угостителски објекти
  3. Хигиенско-санитарна и козметичка индустрија.

Сертификација

Сертификацијата е финален чин во процесот на имплементација на стандардот, по што, производот и целиот производен систем ја заслужува HALAL ознака. При тоа, се сертифицира:

  • Производ (сертификат за еден или повеќе производи, производна линија или услуга)
  • Систем (сертификат за комплетен систем на производство)

Сертификакот за HALAL квалитет се издава на период од 1 (една) година, по што се обновува додека нема отстапки во квалитет и прекршување на принципите. По 4 (четири) години од издавањето на првиот сертификат, се врши ре-сертификација што подразбира повторување на целата постапка.


Зошто КОШЕР?

Имплементацијата на КОШЕР - принципите и сертификација на истите отвара нови можности за директен пласман на македонските производи во Израел и земјите каде живеат лица од еврејска вероисповест. 

Освен тоа, почитувањето на обие принципи обезбедува пристап и до други религиски групи на потрошувачи, како: муслимани, будисти, адвентисти.

Потрошувачи на КОШЕР - производи се и вегетаријанците, веганите, еколошки свесните потрошувачи, оние кои се во потрага по сертифициран квалитет, како и оние кои се алергични на лактоза.

Се смета дека само Европскиот пазар од КОШЕР сертифицирани производи, на годишн ниво, генерира промет од 6 милијарди долари и стапка на раст од 10 проценти.

Оттаму и потребата на маакедонските производители за адаптирање кон стандардите на овој пазар и корисниците на КОШЕР - производи. Земите во регионот веќе интензивно работат на воведување на овој стандард.