Искористување на IPARD фондови
Што е ИПАРД?
ИПАРД претставува Инструмент за предпристапна помош на Европската унија за рурален развој на Република Македонија.
Основни цели:
- Подобрување на пазарната ефикасност и спроведување на стандардите на Европската Унија
- Развој на руралната економија преку диверзификација на економските активности.
Финансиска рамка:
Финансиската рамка за ИПАРД Програмата ја сочинуваат 75% од средствата на буџетот на Европската Унија и 25% од буџетот на Република Македонија.
Вкупните расположиви средства од 2007 - 2013 година се во износ од 60,7 милиони евра.
Мерки:
ИПАРД фондовите задолжително се трошат по утврдени мерки:
- Merka 101: Инвестиции во земјоделските стопанства за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
- Мерка 103: Инвестиции во преработка и пласман на земјоделски прехрамбени производи за нивно преструктуирање и надградба до стандардите на Европската Унија
- Мерка 302: Инвестиции за диверзификација и развој на руралните економски активности.
Документи за аплицирање:
- Бизнис план
- Барање

