Искористување на фондови од Рамковната програма 7
ШТО Е РАМКОВНА ПРОГРАМА 7?
Од 1984 година Европската Унија ја поддржува и зајакнува својата научно-истражувачка заедница преку Рамковните Програми (Framework Programmes - FP). Најновата серија е Рамковната Програма 7, со времетраење од 7 години (од 2007 до 2013) и вкупен предвиден буџет од 73 милијарди евра.
ОБЛАСТИ:
Во Рамковната Програма 7 постојат 4 главни програми:
- СОРАБОТКА - меѓународна соработка, поврзување и координација на истражувачки проекти
- ИДЕИ - подобрување на динамичноста, креативноста и извонредноста на истражувањата (инженерство, социо-економски науки и хуманитарни науки)
- ЛУЃЕ - квантитативно и квалитативно зајакнување на човечките ресурси во истражување и развој на нови технологии
- КАПАЦИТЕТИ - јакнење на истражувачката инфраструктура корисна за малите и средни претпријатија (МСП)
Ние можеме да Ви понудиме помош во:
- Информирање за цели, структура, работни програми и повици во РП 7
- Изнаоѓање идејно решение за проект
- Собирање информации за секоја тема
- Барање партнер и формирање на конзорциум
- Пишување на предлог-проект
- Изработка на буџет според дозволената финансиска големина на проектот
- Евалуација на проекти
- Преговарање и потпишување на договор за грант.
За подетални информации слободно контактирајте не на прилозениот формулар.

