Обуки за ХАЛАЛ и КОШЕР
ЗОШTO ОБУКА ЗА ХАЛАЛ И КОШЕР?
Со оглед на фактот што светскиот пазар на HALAL-производи е еден од најекспанзивните во светот, а 70% од Муслиманите се придржуваат на HALAL принципите, потребата од стандардизација е огромна. Секој производ кој ги поминал строгите критериуми за имплементација и сертификација на HALAL стандардот добива HALAL ознака, со што производителот му гарантира на потрошувачот дека купува и употребува HALAL производ.
Оттука произлегува и потребата фирмите освен HACCP како систем за безбедност на храна, да имаат имплементирано и HALAL стандард. На тој начин се постигнува:
- Поголема конкуретност
- Задржување на старите и стекнување на нови клиенти
- Задоволување на потребите на потрошувачите.
Имплементацијата на КОШЕР-принципите и сертификација на истите, отвара нови можности за директен пласман на македонските производи во Израел и земјите каде живеат лица од еврејска вероисповест. Освен тоа почитувањето на овие принципи обезбедува пристап и до други религиски групи на потрошувачи, како: муслимани, будисти, адвентисти. Потрошувачи на КОШЕР-производи се и вегетаријанците, веганите, еколошки свесните потрошувачи, оние кои се во потрага по сертифициран квалитет, како и оние кои се алергични на лактоза. Се смета дека само Европскиот пазар од КОШЕР сертифицирани производи, на годишно ниво, генерира промет од 6 милијарди долари и стапка на раст од 10 проценти. Оттаму и потребата на македонските производители за адаптирање кон стандардите на овој пазар и корисниците на КОШЕР-производи. Земјите во регионот веќе интензивно работат на воведување на овој стандард.
СЕРТИФИЦИРАН ТРЕНЕР
Обуката ја спроведува сертифицираниот консултант Александра Марковска од консултантската куќа ФУД КОНСАЛТИНГ, од Скопје.
ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
- Прехранбено-преработувачка индустрија: месна, млечна, житна, безалкохолна, кондиторска, конзервна
- Угостителски објекти
- Хигиенско-санитарна и козметичка индустрија
- Производи за општа употреба
- Услуги (финансии, банкарство, трговија, угостителство и др).
СОДРЖИНА НА ОБУКАТА
Семинарот претставува одлична можност компаниите детално да се информираат за значењето на ХАЛАЛ и КОШЕР, што се опфаќаат овие стандарди/принципи, за кои производи и услуги се однесуваат, конкурентската предност што ја нудат и економското значење.
СЕРТИФИКАТ ЗА ПРИСУСТВО
За редовно посетување на обуката секој учесник добива Сертификат за присуство.
ВРЕМЕТРАЕЊЕ И МЕСТО НА ОДРЖУВАЊЕ НА ОБУКАТА
2 - дневна интензивна обука (09 - 16 часот) во просториите на Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ, Ул. Мито Хаџи-Василев Јасмин, 52-1/3 - Скопје.
БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ:
Идеален број на обуканти: 6-9
ЦЕНА НА ОБУКАТА
15.500,00 денари (со вклучено ДДВ). Во цената се вклучени:
- Папка со комплетен материјал за обука: прирачник, програма, тефтер и пенкало
- Две кафе паузи на ден
- Ручек за два дена
Обуките се одржуваат по договор. Доколку сте заинтерсирани пополнете пријава за обука.

