Обука за еколошки дозволи и елаборати
ОБУКА ЗА ИЗРАБОТКА НА ЕКОЛОШКИ ДОЗВОЛИ И ЕЛАБОРАТИ
Во предпразнично расположение на 24 и 25 декември, 2011 година во просториите на Конастинг и тренинг центар КЛУЧ се оджа уште една обука за изработка на еколошки дозволи и елаборати.
Обуката ја спроведуваше нашиот експерт по екологија, со положен испит и добиена лиценца за експерт за оцена на влијание на објект врз животна средина од Министерството за животна средина и просторно планирање, г-ѓата Наталија Ацеска од Прилеп.
Учесниците на оваа обука се здобија со следните знаења:
- Добивање информации за ИСКЗ-Б интегрирани еколошки дозволи;
- Водење на процедури за Б интегрирана ИСКЗ дозвола;
- Објаснување за содржината на барањето за ИСКЗ и ОВЖС елаборат;
- Главните аспекти во процесот на евалуација на поднесената апликација за ИСКЗ и ОВЖС елаборат;
- Јавното учество во процесот на добивање Б интегрирана еколошка дозволa, ОВЖС елаборат или ОВЖС студија;
- Изработка на студија на случај на некои индустриски капацитети;
- Осознавање на НДТ во процесот на добивање на ИСКЗ;
- Основни информации за ОВЖС елаборати;
- Препознавање на сектори кои регулираат изработка на ОВЖС елаборати;
- Осознавање на разликата помеѓу ИСКЗ, ОВЖС елаборати и ОВЖС студии;
- Толкување на законските одредби, правилници, акти и подзаконски акти од областа на животна средина и нивно имплементирање при изработка на ИСКЗ, ОВЖС елаборати или ОВЖС студии.
Освен реализација на обуки Консалтинг и тренинг центар КЛУЧ може да Ви помогне при изработка на горе споменатите елаборати и дозволи.
Контактирајте не на 02 / 3211 - 422 или на маил: contact@key.com.mk.
Обуките се одржуваат по договор. Доколку сте заинтерсирани пополнете пријава за обука.

